Некогашниот полски прволигаш, а сега второлигаш, Висла од Плок, изгради нов стадион за 40 милиони евра и има амбиции да се врати во најквалитетната полска лига. Новиот стадион е со капацитет за 15.000 гледачи, но сега главниот проблем е како да се наполни со публика.
Градот Плок има околу 100.000 жители, а најголемата посета им беше 8.321 гледач на дуелот против Висла од Краков. Просечната посетеност оваа сезона им е 5.743 гледачи, па раководството се одлучи да дели гратиси и да дава попусти, само за да привлече публика на своите домашни натпревари.