Домаќините се фаворити на сите пет натпревари

1010 Фулам – Брентфорд (21 ч.)

Последен меч од 10-тото коло во Премиер лигата на два просечи тима. Брентфорд игра офанзивен фудбал, па има гол-разлика од 18 дадени и 18 примени гола, односно просек од четири погодоци на натпревар. Фулам игра попретпазливо и е со гол разлика 12:12.

Брентфорд е очаен сезонава и на четири гостувања има исто толку порази, па само Саутхемптон со пет порази по ред е послаб на туѓ терен.

Предлог тип: ГГ3+ (1.94)

 

3010 Лацио – Калјари (20:45 ч.)

Лацио е во добра форма и со три бода од денешниот меч може да се искачи до третото место на табелата. Калјари очигледно дека сезонава ќе се бори за опстанок, а традицијата во дуелите против Лацио им е очајна.

Римскиот тим има 15 победи и само три нерешени во последните 18 дуели против Калјари, па и сега, посебно на „Олимпико“, Лацио е голем фаворит.

Предлог тип: 1-1&3+ (3.40)

 

1310 Селта Виго – Хетафе (21 ч.)

Селта Виго е тим кој посебно добро игра на домашен терен, но Хетафе веќе неколку години во низа е еден од најнезгодните ривали. Хетафе игра многу дефанзивно, ретко дава, но и ретко прима голови, па не е чудно што веќе има седум нерешени во 11 кола.

Во досегашните 11 средби сезонава, Хетафе дури на 10 играше со максимум два погодоци, па и сега не би требало да биде поинаку.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.90)

 

2806 Копенхаген – Силкеборг (19 ч.)

Дуел на две екипи кои ретко губат и се кандидати за висок пласман во првенството на Данска. Копенхаген сезонава на свој терен има четири победи и две ремија, без пораз, но и Силкеборг е опасен гостин и има само еден пораз во шест средби на туѓ терен.

Копенхаген има пет победи и едно реми во последните шест пресметки со Силкеборг и традицијата тука ќе се почитува.

Предлог тип: 1&3+ (1.91)

 

1959 Самсунспор – Анталијаспор (18 ч.)

Самсунспор игра одлична сезона и на табелата веднаш е зад гигантите Галатасарај и Фенербахче. Анталијаспор е само на еден бод над зоната за испаѓање и јасно е дека домаќинот е фаворит.

Самсунспор во досегашниот дел од сезоната во просек постигнува по два погодоци на меч, а прима по еден гол, што треба да е најава за отворен фудбал без многу калкулации.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

- Оглас -

Најнови вести