Тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо, полуде од радост откако неговиот тим во 12-тата минута од судиското продолжение на гостувањето кај Трабзонспор постигна гол за победа од 3-2.
Португалецот влета на терен, се превртуваше, се прегрнуваше со останатите од својот тим, а даде изјава за новинарите во која жестоко го критикуваше ВАР судијата Атила Караоглан и зборуваше дека Фенер игра против „системот“ во Турција.
„Човек на натпреварот денес беше судијата во ВАР собата. Не го видовме на терен, но како невидлив човек успеа да стане најважниот човек на натпреварот. Веројатно спиел или пиел чај наместо да гледа што се случува. Зборувам во името на сите навивачи на Фенербахче. Не го сакаме овој судија. Не го сакаме ни за ВАР судија ни за теренски судија. Ми кажаа многу работи пред да дојдам овде, но не верував. Беше полошо отколку што ми беше кажано. Играме и против системот. Денеска игравме против добар тим во пеколна атмосфера, но игравме и против ВАР и против системот. Затоа славевме вака откако победивме, бидејќи всушност ја добивме нашата борба против многу, многу моќни луѓе. Ги обвинувам и луѓето од Фенербахче кои ми кажаа само половина од приказната. Да ми објаснеа сè, немаше да дојдам“, рече Мурињо.
https://twitter.com/i/status/1853145219153219919