Пелистер минимално со 1:0 го победи Вардар во вечното македонско фудбалско дерби, кое имаше посебен шмек. Битолчани во вечерен термин на рефлектори, пред полна трибина се израдува на три бода против вечниот ривал.
Мирко Ивановски го постигна голот за голема радост на домашните фанови и тоа во 90+3 минута. Чкембарите направија одлична атмосфера, но не смее да се заборави дека на стадионот беа и неколку стотина вардарови Комити, но тие по мечот немаа причини за радост.
За тоа како изгледаше фештата на битолчани од воздушна перспектива може да видите ТУКА.