Манчестер јунајтед ја игра една од најлошите сезони во последните неколку децении. Англискиот гигант има освоено само 12 бода во првите 10 кола во Премиер лигата и моментално е на 13-тото место на табелата.
Поради лошите резултати, отказ доби тренерот Ерик тен Хаг, а на негово место моментално е неговиот помошник Руд ван Нистелрој. Со Ван Нистелрој како прв тренер Манчестер го победи Лестер во Лига купот, а во првенството одигра 1:1 против Челзи.
По ремито со Челзи, капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, открива дека му се извинил на неодамнешниот тренер Тен Хаг.
„За никого не е добро кога тренерот ќе си замине од клубот. Го немаме најдобриот тим, резултатите исто така не се добри. Секогаш кога тренерот си заминува, дел од вината треба да ја преземат и играчите. Секогаш е полесно да се тргне еден тренер отколку 15-мина фудбалери. Зборував со него и му се извинив. Бев разочаран затоа што си заминува. Јас не дадов многу голови во овој период, малку погодоци постигнувавме и се чувствувам одговорно“, рече Фернандеш по ремито со Челзи.