Захариевски и Вардар спогодбено се разделија!

Цената за поразот во вечното дерби против Пелистер, но и за лошите резултати од претходно ја плати тренерот на Вардар, Срѓан Захариевски. Скопските Црвено-црни преку социјалните мрежи соопштија дека спогодбено е раскината соработката со Захариевски и тој повеќе нема да биде тренер на Вардар.

Раководството на клубот сега е во потрага по нов тренер, кој ќе биде четврти оваа сезона на клупата на Вардар, откако претходно освен Захариевски, беа и Михаилов и Петревски.

- Оглас -

Најнови вести