Серхио Рамос и официјално ќе го напушти европскиот фудбал и ќе потпише за аргентинскиот великан Бока јуниорс. Оваа информација ја пренесуваат шпанските и аргентинските медиуми, а според нив, Рамос прифатил двојно помала плата од онаа која ја имаше во Севиља.
Сепак, Шпанецот нема да може веднаш да дебитира за Бока јуниорс, туку тоа ќе може да го стори дури во февруари, кога се очекува вистински спектакл на славната „Ла Бомбониера“.
Серхио Рамос беше без клуб откако летово му истече договорот со Севиља, а претходно настапуваше и за Реал Мадрид и за ПСЖ.