Лампард е еден од кандидатите за нов тренер на Рома

Италијански медиуми објавија дека Хрватот Иван Јуриќ уште во текот на денов би можелo да добие отказ од Рома, споменуваат три имиња како негови можни наследници, но тренерот Јуриќ ја водеше денешната утринска тренинг-сесија и со тоа ги олади новинарите од Апенинскиот Полуостров.

Хрватот има само четири победи на десет меча откако го замени Даниеле де Роси во средината на септември.

Како идни тренери на Рома по заминувањето на Јуриќ се спомнуваат Масимилијано Алегри, Френк Лампард, Пауло Соуса, Роберто Манчини и Маурицио Сари.

Џалоросите се подготвуваат за натпреварот од Лигата на Европа против Унион Сен Жилоа в четврток, а следниот меч од Серија А пред репрезентативната пауза им е на 10 ноември против Болоња на „Олимпико“. Сега растат шансите Јуриќ да ја води Волчицата и на тие две средби, а потоа да се разговара за неговата судбина како тренер на Рома.

- Оглас -

Најнови вести