Пред 20 години Солскјер во 93-тата минута даде гол за европска титула, сега тој создава мит и од клупата

Оле Гунар Солскјер дефинитивно е човекот кој направи „магија“ во Манчестер јунајтед и од него направи клуб како од шампионските денови. Солскјер како играч беше навикнат никогаш да не се предава и до последната секунда да атакува за да му донесе победа на Манчестер јунајтед.

Најпознатата победа на Манчестер со гол во судиското продолжение е таа против Баерн Минхен во финалето од Лигата на шампионите во 1999 година. Токму Солскјер на теренот беше еден од главните творци за пресвртот. Баерн водеше со 1-0 до 90-тата минута, кога Теди Шерингам погоди во 91-вата минута и израмни на 1-1. Манчестер и тогаш не се предаде и нападна, а токму Солскјер беше играчот кој даде гол во 93-тата минута за неверојатен пресврт и победа од 2-1 против Баерн, а англискиот гигант стана европски првак.

Сега, 20 години подоцна, Солскјер дојде на клупата на Манчестер, а повторно се случи чудо во 93-тата минута. Рашфорд погоди од пенал за 3-1 и за првпат во историјата на ЛШ еден клуб успеа да надополни два гола негатива на гостински терен.

Едноставно, Солскјер има победничка магија за Манчестер јунајтед. Во девет гостувања откако е дојден на клупата, Манчестер победи девет пати!

Дури и на официјалниот сајт на УЕФА потсетија на Солскјер од 1999 година и овој сега.

https://twitter.com/ChampionsLeague/status/1103420470282633217

 

- Оглас -

Најнови вести