Шпанскиот напаѓач Алваро Мората, кој игра за Милан, утревечер му гостува на Реал Мадрид во дуел од Лигата на шампионите и очекува непријателско однесување на фановите кон него.
Мората сениорската кариера ја почна во Реал, со Кралскиот клуб освои две титули во ЛШ, но веќе неколку години не е омилен кај навивачите на 15-кратниот европски првак.
„Не верувам дека работите се смениле многу, очекувам да бидам исвиркан на ‘Бернабеу’, свесен сум за тоа. Ќе биде исто како кога гостував со Атлетико“, рече Мората, кој по 13-ти пат ќе игра против „својот“ Реал. Досега на 12 дуели против Реал, Мората има шест порази и по три победи и ремија.