Повредите на важни играчи го мачат Динамо Загреб пред гостинскиот натпревар од Лигата на шампионите утре во Братислава, кај словачкиот првак Слован.
Иван Невистиќ, Аријан Адеми (добил удар во коленото викендов и пред самиот почеток на мечот ќе се знае дали може да игра), Мартин Батурина и Бруно Петковиќ се под знак прашалник за мечот во којшто Динамо не смее да загуби доколку сака да се пласира во нокаут-фазата од ЛШ, а можно е шанса за деби во ЛШ да добие 37-годишниот голман Даниел Загорац.
„Тешко е да се очекува дека Невистиќ ќе му биде на располагање против Слован“, рече тренерот Ненад Бјелица.
Судејќи по ова, но и по тоа што Невистиќ пропушти три од последните пет натпревари на Динамо, реално е на голот на Динамо против Слован биде Загорац.
Загорац утре би имал 37 години, 8 месеци и 29 дена и може да стане петтиот најстар дебитант во историјата на Лигата на шампионите. Пред него би биле само Кристијан Стуани, Паоло Орландони, Сандер Бошкер и Марк Шварцерм, кој е рекордер и дебито во ЛШ го имаше на возраст од 41 година 2 месеци и 5 дена.