Ливерпул го заслужува само врвот на табелата, порача напаѓачот на Црвените, Мохамед Салах, по победата од 2-1 против Брајтон, по која Ливерпул изби на чело на Премиер лигата со два бода пред Манчестер сити.
„Врвот на табелата е местото на коешто припаѓа овој клуб. Ништо помалку. Сите тимови се способни да победуваат, но на крајот само еден ќе биде шампион. Тоа е нашата желба, да бидеме шампиони. Што и да се случи, никогаш нема да заборавам какво е чувството да се постигне гол на ‘Енфилд’“, напиша египетскиот интернационалец на социјалните мрежи.
На Салах во јуни му истекува договорот и постои реална опција да си замине од Ливерпул, па мотивиран е да се прости со титула во англиската лига, која би му била втора по онаа во 2021 година.