Ќе има ли бајка за крај? Меси би можело да се врати во Барселона

Лионел Меси би можело да се врати во Барселона, клубот кој сѐ уште е во неговото срце и кој го напушти во 2021 година. Аргентинецот замина поради правилата на Ла Лига, кои не дозволуваа клубот да му ја исплати договорената плата. Тој премина во ПСЖ, каде што остана две сезони.

Враќањето на напаѓачот на „Камп ноу“ може да се случи во 2026 година, каде што Меси би можело најдобро да се подготовки за учество на своето последно Светско првенство во 2026 година.

Двете страни може да потпишат краткорочен договор за да биде играчот во форма за веројатно послендиот Мундијал во неговата кариера, пишува „Гол Дигитал“.

Во моментот легендата е фудбалер на Интер Мајами, а договорот му трае до крајот на 2025 година. Светското првенство ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 година.

Меси помина 21 година во Барселона пред да замине во ПСЖ, а потоа и во Интер Мајами.

- Оглас -

Најнови вести