Верувале или не, погоди коефициент 11.000 и со 30 денари заработи близу 5.000 евра (Фото)

Неверојатен тикет погоди мајстор за обложување во Кисела Вода. Успеа да погоди неверојатен коефициент од 11.152 и со 30 денари заработи близу 5.000 евра. Или прецизно, 284.401 денари.

Ако прашувате каков е рецептот за да се збогатите за влог од 30 денари, можете да се обидете со нешто слично наредните денови.

Неверојатниот обложувач миксаше хокеј и фудбал, погоди фантастични 17 натпревари, а последниот меч за добивка беше дуелот меѓу Легија и Виѓев Лоѓ. Домаќинот постигна гол за триумф во 86-тата минута и донесе огромна среќа за овој типстер.

- Оглас -

Најнови вести