Навивачите на Баерн Минхен ќе го бојкотираат „гостувањето“ кај Шахтар Донецк?!

Екипата на Баерн Минхен на 10 декември ќе му гостува на Шахтар Донецк, меч кој ќе се одигра во Германија, и тоа на стадионот на Шалке во Гелзенкирхен. Навивачите на Баварците првично поднеле 55.000 барања за билети, но кога ги дознале цените, активни останале само 19.000 барања.

Украинците одредиле цена за гостинските навивачи од 105 евра, што е неколкукратно повеќе од сумата од 28 евра за мечот против Аталанта или 31 евро за дуелот против Јанг бојс.

УЕФА за оваа сезона ја одреди максималната цена за гостинските билети на 60 евра, што оваа сума го надминува, па сега се очекува реакција и од европската куќа на фудбалот. Од Нион најавија дека од следната сезона максималната цена ќе изнесува 50 евра.

- Оглас -

Најнови вести