Арне Слот има новогодишна желба, дали ќе му се исполни, зависи од Барселона

Раководството на Ливерпул одлучи дека нема да ангажира голем број фудбалери кои само ќе пополнуваат место, туку ќе се сконцентрира на носење вистински засилувања. Холандскиот тренер на клупата на Црвените, Арне Слот, за зимскиот преоден рок има само една желба, а тоа е младиот фудбалер на Барселона, Марк Касадо.

Сепак, 21-годишниот фудбалер има договор со Каталонците до 2028 година, а иако неговата вредност во моментов е само 15 милиони евра, Барселона нема да се откаже од неговите услуги толкју лесно и за толку мала сума. Младиот фудбалер оваа сезона е стандарден во составот на Каталонците“, одигра 13 натпревари, на кои имаше пет асистенции.

 

- Оглас -

Најнови вести