Европското „Класико“ ќе биде посебно за Карло, Тео, Лука, Брахим и Мората

Дуелите на Реал Мадрид и Милан се вистинска фудбалска „класика“, тоа се двата клуба со најмногу трофеи во елитното европско натпреварување, заедно имаат 22 трофеи (Реал 15, Милан 7), еднаш играа меѓу себе и во финалето, а и не е мала листата на играчи кои настапувале за двата клуба.

Ова е прв дуел на Кралевите и Росонерите по пауза од 5.116 дена. Милан во осум од последните десет сезони не беше дел од Лигата на шампионите, затоа и патиштата не им се вкрстија толку долго.

Вечерва, средбата ќе биде посебна за тренерот Карло Анчелоти и за играчите Тео Ернандес, Лука Јовиќ, Брахим Дијас и Алваро Мората.

Анчелоти е актуелен тренер на Реал, а е легенда на Милан. Дон Карло со Милан ја освои ЛШ и како играч и како тренер.

Во дресот на Реал ќе биде Брахим Дијас, шпанскиот Мароканец кој играше за Милан како позајмен две сезони и напредокот таму го врати во редовите на Реал.

Милан во моментов има тројца некогашни членови на Реал, тоа се францускиот лев бек Ернандес и напаѓачите Јовиќ и Мората. Сите овие освојувале трофеи со Реал. Тео и Јовиќ не се изнаиграа премногу во Реал, но Мората иако играше повеќе и кариерата како млад ја почна токму во Реал, нема да биде пријателски пречекан на „Сантијаго Бернабеу“.

- Оглас -

Најнови вести