По две седмици откако се врати на терените по пауза од повеќе од една година поради повреда на коленото, бразилската ѕвезда Нејмар повторно претрпе нова повреда поради која ќе мора некое време да биде надвор од терените.
Нејмар ги повреди вкрстените лигаменти на коленото во октомври минатата година и до неодамна не можеше да игра фудбал. Се врати, а поради најновата повреда ќе мора да паузира околу две седмици.
Новата повреда ја здоби на натпреварот од азиската Лига на шампиони, во кој Ал-Хилал на домашен терен го победи Естеглал со 3-0. Бразилската ѕвезда влезе во игра во 58-мата минута од натпреварот, а мораше да го напушти теренот во 86-тата минута.
Станува збор за повреда на десниот бутен мускул поради која Нејмар ќе мора да паузира околу две седмици, потврди тренерот на Ал-Хилал, Жорж Жесус.