Сопствениците на Рома сѐ уште имаат доверба во тренерот Иван Јуриќ

Хрватскиот стратег Иван Јуриќ ќе ја задржи позицијата како тренер на Рома во овој момент, објави „Ил Темпо“. По ден исполнет со дискусии, сопствениците на римскиот клуб, семејството Фридкин, решија да му дадат доверба на Хрватот и веруваат дека тој може да донесе успеси во иднина.

Рома игра неубедливо од почетокот на сезоната, а по поразот од Верона, се појавија шпекулации за уште една тренерска смена. Дури се појавија информации дека се воделе преговори со Масимилијано Алегри и со Маурицио Сари како потенцијални наследници на хрватскиот стратег.


Роберто Манчини, Един Терзиќ, Френк Лампард и Пауло Соуса исто така беа поврзувани со позицијата.

Рома има само една победа во последните пет натпревари во првенството и дури три порази, при што се наоѓа на незавидното 12-то место на табелата во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести