Шведскиот фудбалси сојуз започна истрага за дуел кој се одигра во третата лига во оваа сезона. Се работи за мечот меѓу Ескилстун и Стоксунд, кој заврши со победа на домаќините од 5:4.
Освен што имаше необично многу погодоци, посебно чудно беше што беа постигнати три автогола. Од сите три, најчуден беше автоголот за 5:1, кога гостинскиот голман нелогично ја пушти топката да помине покрај него. Топката одеше кон голот кога еден играч од дефанзивата, наместо да се обиде да ја исфрли топката што е можно подалеку, тој без размислување ја шутна во сопствениот гол.
„Моментално правиме увид на овој натпревар како што правиме по секој викенд. Гледаме дали постои сомнение или однесување кое иницира недозволени работи“, изјави Јохан Класон, кој е член од дисциплинската комисија.
Од тимот на Есклстоун велат дека немало ништо чудно на таа средба. „Мислам дека ништо чудно не се случи. Некогаш на теренот едноставно се случуваат некои работи“, рече спортскиот директор на Ескилстун, Адам Гурсој.
Allegations of matchfixing in the swedish third tier after game between AFC Eskilstuna and IFK Stocksund ended 5-4 after 3 own goals, including this beauty. The player in black is defending.
byu/WTF_HHCIB insoccer