Баерн Минхен лошо стартуваше во Лигата на шампионите и по првите три кола, германскиот гигант има само три бода. Со ваков биланс, Баерн ризикува дури и за место меѓу најдобрите 24 екипи во групната фаза, па тренерот Висан Компани е свесен дека е потребна победа на утрешниот меч против Бенфика.
„Треба максимално да бидеме фокусирани затоа што тоа е традиционално незгоден противник. Во нападот играме добро и затоа веќе имаме постигнато 50 гола. Не сме перфектни секогаш, но ситуацијата е јасна. Веројатно треба да се има шест победи за да се биде во Топ 8 на крајот на табелата. Три победи треба да бидат доволни за да се влезе во плејофот. Сепак, јасно е дека нашата цел е да бидеме во Топ 8. Досега имаме само една победа и очигледно имаме потреба од нови триумфи. До крајот има уште многу да се игра. Мора да победиме утре против Бенфика. Тоа ни е единствена цел во моментов“, вели Компани.