Милан води со 2:1 по првите 45 минути на гостувањето на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид против Реал, во меч од четвртото коло од Лигата на шампиони. Росонерите поведоа со голот на Чау кој одлично се снајде по изведениот корнер на Пулишиќ.
Реал израмни преку Винисиус кој погоди од пенал во 23 минута, откако токму Бразилецот беше фаулиран.
Сепак, Милан не се предаде и брзо стигна до нова предност. Алваро Мората со погодок во 39 минута донесе нова радост за гостите и предност од 2:1.
Манчестер сити на гости кај Спортинг игра 1:1. граѓаните поведоа со голот на Фил Фоден, но португалсиот тим израмни пред крајот на првиот дел и тоа преку нивниот најдобар играч Виктор Ѓокереш.
Лил со голот на Џонатан Давид во 27 минута има предност од 1:0 против Јувентус, а домашниот терен засега го користи и Селтик кој има предност од 2:1 против Лајпциг, иако гостите први постигнаа погодок.
Нема погодоци на дуелите Болоња – Монако, Борусија Дортмунд – Штурм и Ливерпул – Баер Леверкузен.