Милан блесна на „Сантијаго Бернабеу“, Ливерпул и Борусија се радуваа пред своите навивачи (Видео)

Милан го доби дербито против Реал и тоа во Мадрид, победувајќи со 3:1. Оваа победа за Росонерите е голем мотив во елитната лига на УЕФА каде сега имаат шест бодови, исто колку што има и Реал.

Чау со голот во 12 минута најави дека гостите победнички ќе си заминат од „Сантијаго Бернабеу“, откако погоди со глава по корнерот на Пулишиќ.

Реал израмни со погодокот на Винисиус јуниор и тоа од пенал во 22 минута, но кратко траеше радоста на Кралевите.

Пред крајот на првиот дел Алваро Мората ја искористи „заспаноста“ во одбраната на Реал и погоди за 2:1, а сите дилеми околу победникот беа решени во 73 минута кога Тијани Рејнделс зголеми на 3:1.

Ливерпил на „Енфилд роуд“ дури во последната третина го скрши отпорот на германскиот првак Баер Леверкузен. До 60 минута немаше голови, а потоа следуваше шоу на Ливерпул. Луис Дијаз погоди за 1:0, а две минути подоцна Гакпо зголеми на 2:0. Одличната игра на Дијаз беше крунисана со хет-трик откако погодуваше и во 83 и 90+2 минута.

Борусија Дортмунд даде само еден гол против Штурм, но и тоа беше доволно за освојување на трите бода. Дури во 86 минута Мален погоди за голема радост на домашните фанови.

Во останатите мечеви кои се играа вечерва: Лил – Јувентус 1:1, Селтик – Лајпциг 3:1, Болоња – Монако 0:1, Слован Братислава – Динамо Загреб 1:4, ПСВ Ајндховен – Жирона 4:0 и Спортинг Лисабон – Манчестер сити 4:1.

- Оглас -

Најнови вести