По некомплетно четврто коло во Лигата на шампионите, изгледот на табелата делува чудно. Не е чудно што Ливерпул е лидер со четири победи од исто толку мечеви, но кога се работи за позициите на кои се наоѓаат некои други европски гиганти, делува збунувачки.
Јувентус има освоено седум бода од четири меча и е на десеттото место, а интересно е дека Динамо Загреб, кој во првото коло загуби со рекордни 9:2 од Баерн Минхен, сега е на 14-тата позиција, пред голем број фаворити.
Барселона, која треба да одигра во четвртото коло против Црвена ѕвезда во Белград, моментално е на 15-тото место на табелата со шест бода. Реал Мадрид по четири кола има шест бода и е на 17-тата позиција, додека Милан е веднаш зад Кралевите.
Францускиот првак Пари Сен Жермен е на 23-тото место со четири бода, а Баерн Минхен има само три бода од првите три кола и е на 25-тото место. Атлетико Мадрид е дури на 28-мото место, а Лајпциг е при дното, односно на 31-вата позиција.