Гвардиола со провокација до Аморим и Манчестер јунајтед: Веќе нема да се сретнеме во ЛШ!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, беше разочаран по поразот од 1-4 на гостувањето кај Спортинг Лисабон, му честиташе на противникот, а не пропушти прилика да упати провокација до колегата Рубен Аморим, кој за неколку дена ќе го преземе Манчестер јунајтед.

„Емотивно не бевме доволно стабилни, а во ова натпреварување треба да си стабилен. Кога резултатот е 1-2, може сешто да се случи. Треба да бидеме постабилни. Во тежок момент сме резултатски гледано, но сакам да се борам, не се откажувам. Ми се допаѓа овој предизвик што ме очекува“, изјави Гвардиола.

Потоа шпанскиот тренер имаше нешто да му каже за Манчестер јунајтед на Аморим, тренерот кој синоќа се прости од Спортинг на феноменален начин.

„Ќе се соочиме со нив двапати во Премиер лигата и можеби во ФА купот, во Лигата на шампионите тоа не е можно“, кажа Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести