Интер и Арсенал би си подале рака за резултат 0-0?

6016 Баерн – Бенфика (21.00 часот)

Баерн веќе нема право на нов кикс, има само една победа, додуша историска од 9-2, и потоа два порази по ред кои ги симнаа во долниот дел на табелата во ЛШ. Бенфика стартуваше со две убави победи, но впечатокот го расипа кога загуби дома во третото коло од Феенорд. На лисабонските Орли, сите три меча во ЛШ им беа со 3+ голови, а Баерн во овие три кола и даде и прими повеќе голови од португалскиот гигант.  Бенфика на последните две гостувања во Минхен примаше по пет гола.

Предлог тип: 1 & 4+ (2.18)

 

6017 Ц. Ѕвезда – Барселона (21.00 часот)

Гостите се големи фаворити, разиграни се како ретко кој во Европа, иако со поразот во Монако во првото коло покажаа дека имаат и некои слаби точки кои ретко кој ги користи. Српскиот првак е во групата екипи кои во првите три кола претрпеа три порази, гол-разликата им е 2-11 и тоа не говори ништо добро пред дуелот со Каталонците. Барса обично игра подобро во прво отколку во второ полувреме, само против Реал беше обратно, па „два во два“ не делува како лоша опција за типување.

Предлог тип: 2-2 & 2-5 (2.12)

 

6014 Интер – Арсенал (21.00 часот)

Ова е и дерби на вечерта во ЛШ. Овие два тима собраа по 7 бода во првите три кола, немаат пораз ни едните ни другите, а немаат ни примено гол и би сакале овој тренд да продолжи. Топчиите сезонава веќе еднаш гостуваа во Италија, кога ремизираа 0-0 со Аталанта. Арсенал во последно време се мачи на гостувањата, а интересно е дека последниот пат кога му гостуваа на Интер во Милано во 2003 година го уништија со 5-1, но тоа беа некои други времиња.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.90)

 

6013 ПСЖ – Атлетико М. (21.00 часот)

Парижаните кои имаа најмалку среќа при ждрепката, повторно имаат тежок меч против екипа која исто како и нив има само една победа извојувана во првото коло со гол во самиот финиш. Во првите три кола, ПСЖ собра 4 бода, а сите три меча им беа тврди и неефикасни со 0-2 гола. Атлетико редовно игра со 3+ голови и прими барем по еден гол на сите три меча. Овие клубови досега не играле официјален меч меѓу себе, последниот меч дома, на кој ПСЖ не даде гол, беше во мај против Борусија Дортмунд.

Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.65)

 

6018 Штутгарт – Аталанта (21.00 часот)

Швабите по победата над Јувентус во минатото коло осоколени влегуваат во дуел со друг италијански клуб. Аталанта победи на единственото гостување досега, нема пораз по првите три кола и уште нема примено гол. Штутгарт на сите три меча даваше по еден гол. Божицата од Бергамо последниот пораз на гости го претрпе на 30 август, а Штутгарт дома повеќе од една година нема загубено на свој терен.

Предлог тип: 12 & 0-3 (1.99)

- Оглас -

Најнови вести