Спортската прогноза провоцира со дерби-мечеви од Англија, Италија и од Португалија

Десеттото коло од седмата сезона во најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life е пред нас, а типувањето трае до сабота попладне. Забавата која може да донесе и повеќе од пригодни подароци едноставно не се пропушта.

Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.

Прв меч од основната понуда е Венеција – Парма, кој се игра в сабота, од 15 часот, а тука се и дуелите Брентфорд – Борнмут, Кристал палас – Фулам, Еспањол – Валенсија и Леганес – Севиља од саботната програма.

Недела ги носи средбите Нотингем ф. – Њукасл, Ница – Лил, Монпелје – Брест, Челзи – Арсенал, Хетафе – Жирона, Хајденхајм – Волфсбург, Интер – Наполи и Бенфика – Порто. Има дерби-дуели во Англија, Италија и во Португалија.

Тука се и резервните парови Вест хем – Евертон и Јувентус – Торино, кои се сметаат во генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести