Фудбалерите на Реал Мадрид продолжуваат со низата лоши резултати оваа сезона.
По дебаклот од Барселона, Реал имаше десет дена да се подготви за дуелот со Милан, поради одложувањето на натпреварот со Валенсија, но тимот на Анчелоти доживеа нов шок. Милан, кој исто така се соочува со критики поради слабите игри и резултати под водство на Пауло Фонсека, кој е под притисок на отказ, го победи мадридскиот гигант со убедлив резултат од 1-3 на „Сантијаго Бернабеу“.
Со овој пораз, Реал Мадрид прекина уште една значајна низа во последниот период. Поразот од Барселона ја прекина серијата од 42 натпревари без пораз во Ла Лига.
Претходно, Реал ја прекина и низата на непоразеност во Лигата на шампионите против Лил, а синоќа и серијата од 15 натпревари без пораз во Лигата на шампионите на „Сантијаго Бернабеу“.
Загриженоста сега е уште поголема отколку по поразот од Барселона бидејќи се очекуваше реакција и победа затоа што Реал Мадрид секогаш има посебна моќ и мотивација во Лигата на шампионите.
Најголемата грижа е што Реал сега има два сериозно тешки натпревари во продолжение на ЛШ, на 27 ноември гостува кај лидерот Ливерпул, а потоа на 10 декември игра против Аталанта, што навистина е тежок распоред. Во случај на уште еден пораз, Реал би се оддалечил од место во топ 8, а ризикот за елиминација во групната фаза е уште поголем, бидејќи за место од 9-то до 24-то се потребни 10 бода, а Реал во моментов има шест. По дуелите со Ливерпул и Аталанта, следуваат полесни натпревари за Кралевите со Салцбург и со Брест.
Реал моментно е на 17-тата позиција на табелата во ЛШ и вечерва може дополнително да падне, така што сите аларми се вклучени.