Баерн Минхен минимално со 1:0 славеше над Бенфика во мечот со кој се комплетира четвртото коло во фудбалската Лига на шампиони. Џемал Мусијала постигна гол во 67-мата минута и тоа се покажа како доволно за германскиот тим да ги освои трите бода.
Мечот во Минхен заврши 20-тина минути подоцна од сите останати затоа што започна со 20-тина минути задоцнување. Почетокот беше одложен поради метежот кој се создал во сообраќајот, па гостинските навивачи не можеа навреме да влезат на „Алијанц арената“.
Само што започна средбата, драмата се префрли на трибините. На еден навивач му се слоши, па неколку лекарски екипи му даваа прва помош.
Bayern fans at the Südkurve have been silent from the third minute due to a medical emergency. Several paramedics were treating a spectator [📸 @BILD] pic.twitter.com/0bPdHHtSFI
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) November 6, 2024