Англискиот гигант Ливерпул е единствен со максимални четири победи по четири кола во Лигата на шампионите. Ливерпул има и одлична гол-разлика од 10 дадени и само еден примен гол.
Зад Ливерпул следуваат четири екипи со по 10 бода, односно со по три победи и едно реми. Спортинг Лисабон, кој игра одлично, е втор, а потоа следуваат две француски екипи, и тоа Монако и Брест.
Интер е петти, а во посакуваната осумка на табелата има место уште за Барселона, Борусија Дортмунд и Астон вила, кои имаат по девет бодови.
Интересно е дека Динамо Загреб, кој во првото коло загуби со рекордни 9:2, сега е на 16-тото место и е пред гиганти како што се Баерн Минхен, Реал Мадрид, Милан, Атлетико Мадрид и ПСЖ.