Натпреварот меѓу Црвена ѕвезда и Барселона покрај седумте гола (2-5), го одбележа и тешката повреда на младиот стопер на гостинскиот тим, Пау Кубарси.
Инцидентот се случи во 67-мата минута, кога, по центаршут во казнениот простор Урош Спајиќ високо ја крена ногата и со копачката го удри Кубарси во лицето.
62′ – Cubarsi gets hit on his face with a Cleat
byu/Task_Force-191 insoccer
Со голема расекотина и крваво лице, 17-годишниот талентиран Шпанец остана да лежи на тревата. Брзо му беше укажана лекарска помош, по што мораше да го напушти теренот.
За среќа, сè се заврши добро. Кубарси доби дури 10 конци на лицето, и ќе му треба време да закрепне, но со заштитна маска треба брзо да му се врати на располагање на тренерот Ханси Флик.
Она што сите ги радува по оваа непријатна сцена е насмевката на Кубарси.