Спектакуларна кореографија на фановите на ПСЖ: „Војна на теренот, но мир во светот“ (Фото)

Навивачите на Пари Сен Жермен на натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид подигнаа спектакуларна кореографија посветена на Палестина.

Фановите на францускиот тим на овој натпревар ја искажаа својата поддршка за палестинскиот народ, кој поминува низ тежок период поради нападите на израелските воени сили врз невиното население во Газа.

„Слобода за Палестина, војна на теренот, но мир во светот“, пишуваше на кореографијата на навивачите на ПСЖ.

Атлетико Мадрид триумфираше на овој меч со 1-2, со победничкиот гол на Анхел Кореа постигнат во 93-тата минута од дуелот.

- Оглас -

Најнови вести