Арсенал загуби од Интер на гостувањето во Милано со 1:0, и тоа по гол примен од пенал. Освен што загуби, Арсенал на крајот имаше и двајца повредени играчи. Прво се повреди Микел Мерино, а потоа во финишот на средбата, од игра принудно излезе и Кај Хаверц.
Голгетерот на Арсенал беше во еден воздушен дуел во обид да постигне гол за својот тим. Сепак, наместо да ја удри топката, се удри глава во глава со еден противнички играч, а германскиот репрезентативец го извлече подебелиот крај.
Хаверц заврши со раскрвавена глава, но, за среќа, дополнителните прегледи покажале дека повредата не е сериозна и најверојатно ќе биде подготвен за следниот меч на Арсенал, а тоа е дербито против Челзи.
Освен Хаверц, синоќа крвав од фудбалските терени во ЛШ си замина и младата ѕвезда на Барселона, Пау Кубарси, кој на лицето заработи и 10 конци.