Со доаѓањето на Ханси Флик на клупата на Барселона, фудбалерите на Kаталонците играат како преродени и одлично им оди во првенството и во Лигата на шампионите. Дваесет и едногодишниот фудбалер на Барселона, Педри, во едно телевизиско гостување откри дека со доаѓањето на германскиот тренер, многу работи се промениле, а една од нив се и казните за фудбалерите.
Чави Ернандес ги казнувал фудбалерите парично, но Флик има други методи.
„Ако задоцниш на ден на натпревар, казната секогаш е повисока. Казна имаше и ако задоцниш на разговор во хотел додека сме на собир. Ако задоцниш пет минути, казната е 5.000 евра“, вели Педри.
Некои тренери казнувале по 1.000 евра од минута доцнење, додека кај Чави Ернандес казната била фиксна – 5.000 евра за доцнење, но ако тоа се повтори, таа сума се дуплира, па второто доцнење чини 10.000 евра, третото 20.000 евра.
„Ако задоцниш, нема да играш“, вели Педри за казните кои ги вовел Ханси Флик со неговото доаѓање во Барселона.