Фудбалерите на Барселона со игрите оваа сезона покажаа дека се главни фаворити за освојување на трофеите во сите натпреварувања во кои учествуваат, а навивачите сметаат дека со доаѓањето на Ханси Флик започнала нова ера за клубот. Сепак, легендарниот француски напаѓач Тиери Анри смета дека не е баш така и дека новата ера започнала со еден друг човек, кој не смее да биде заборавен, а тоа е Чави Ернандес.
„Не мислам дека новата ера на Барселона започна со Флик, таа започна со Чави. Флик само продолжи со она што го започна Чави. Токму Чави им даде шанса на Ламине Јамал, Пау Кубарси и уште неколку младинци. Флик само дојде кога Чави си замина. Оваа екипа на Барселона во моментов е главен фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Некогаш мора да загубите во четвртфинале или полуфинале за да добиете на искуство и да сфатите колку тој е тежок тој пат“, вели Тиери Анри.