По четвртото коло од фудбалската Лига на шампиони, има тимови кои се пријатно, а други непријатно изненадување според бројот на освоени бодови, па затоа и квотите во Sport Life за освојувач на ЛШ се менуваат по секој ден во којшто се играат мечевите.
И понатаму за прв фаворит за европски првак е Манчестер сити со квота 4.50, после него е Реал Мадрид со 5.50, но сега трет фаворит е Барселона со квота 6.50, па моментно водечкиот на табелата, Ливерпул, со квота 7.00.
Раст на квотите и пад на довербата има кај Арсенал и Баерн, кои пред почетокот на ЛШ беа трет, односно четврт фаворит, а сега Баварците се петти, Топчиите шести. Во топ 10 се и Интер, Баер Леверкузен, Астон вила и ПСЖ.