Галатасарај го победи Тотенхем со 3-2 во дербито на вечерта во Лигата на Европа, па сега турскиот тим е лидер, макар и привремен, на табелата во второто по квалитет натпреварување во Европа.
Галата сите три гола ги даде во првото полувреме, двоен стрелец беше Виктор Осимен, а лоша вест за нив е повредата на Мауро Икарди. Вил Ланкшир, кој има 19 години, стана најмладиот стрелец за Тотенхем по Хари Кејн од 2012 година со погодок во европски меч. За Петлите од Лондон ова е прв пораз сезонава во ЛЕ.
Освен Галатасарај, по 10 бодови имаат и Ајнтрахт, кој дома славеше над Славија Прага, со 1-0 со голот на сезонава на феноменалниот Мармуш, и Атлетик Билбао, кој триумфираше на гости кај Лудогорец со 2-1 и пресврт со „еден во два“.