Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ со 22 поени за 26 минути игра е најзаслужен за победата на Армани Милано против Реал Мадрид од 85-76.
Популарниот Нено беше прв стрелец на мечот. Тој даде 15 поени во првото полувреме, и најави дека е супер расположен и незапирлив за одбраната на Реал.
По оваа победа, Милано е на 3-5, а ист ваков скор има и Реал, кој веќе претрпе повеќе порази отколку во целата претходна сезона и не знае за гостинска победа во Евролигата.