Париз баскет го победи Партизан со 74-71 во неизвесен евролигашки меч. Црно-белите од Белград имаат само две победи во осум кола сезонава и повторно не се снајдоа во тесна завршница во која одлучуваше еден шут.
При 70-71, македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс погоди две слободни фрлања за 72-71 и со 13 поени и 8 асистенции даде голем придонес за големата победа на клубот кој е нов во Евролигата, а има четири победи едноподруго.