По една година чекање поради повреда, Нејмар се врати во тимот на Ал-Хилал, но само по 20-тина минути поминати на теренот, повторно се повреди. По новата повреда, сè почести се шпекулациите дека Бразилецот во јануари ќе си замине од клубот.
И кога не е на теренот, Нејмар секогаш е во фокусот на вниманието, па така е и сега. Пред мечот против Естегхлал во азиската Лига на шампиони, додека излегуваше на теренот, Нејмар реши да се поздрави со навивачите на трибините.
Во еден момент, еден од навивачите се поздравува, а потоа Бразилецот чудно реагираше, ја погледна раката, а потоа се сврте назад кон навивачот. Некои медиуми меѓу кои и реномираната „Марка“ пренесоа дека се работи за кражба на прстенот од десната рака на Бразилецот.
🚨 The shocking moment a fan stole Neymar’s $16M ring during a stadium handshake 💍😳#Neymar #neymarjr #soccer pic.twitter.com/6O9dObEbzP
— MARCA in English 🇺🇸 (@MARCAinENGLISH) November 7, 2024
Некои медиуми дури објавија дека прстенот е на оглас за продажба.
Na Arábia Saudita, um torcedor, roubou um anel de Neymar no momento que o jogador brasileiro se preparava para entrar em campo para realizar o aquecimento, antes da partida contra o Esteghlal.
Horas mais tarde, o objeto foi colocado à venda pelo valor de e €14.792.69
Via:… pic.twitter.com/D91vuMQ4wu
— LIBERTA DEPRE (@liberta___depre) November 7, 2024