Играше во сите младински селекции за Германија, но сега одби да заигра во сениорскиот тим

Германската фудбалска репрезентација треба да го потврди првото место во групата од Лигата на нациите, а за тоа е доволно и само една победа од последните две средби кога ќе игра против Босна и Херцеговина, односно Унгарија. Селекторот Јулијан Нагелсман за овие два дуела сакаше да го повика младиот офанзивен играч, Пол Ванер.

Тинејџерот кој има само 18 години и сезонава игра како позајмен играч за тимот на Хајденхајм го одби повикот на селекторот на Германија, иако веќе неколку години настапува во младинските категории на Панцерите.

Ванер има 20 меча за Германија во екипите од У 17 до У21, но очигледно не сака да заигра во сениорскиот национален тим. Талентираниот офанзивен играч е роден во Австрија и негова цел е да заигра за сениорската селекција на оваа земја.

Големиот талент кој е под договор со Баерн Минхен сезонава во тимот на Хајденхајм има 13 одиграни натпревари, а постигнал пет гола. Пред две и пол години Венер дебитираше за Баерн Минхен само со 16 години и 15 денови и стана најмлад дебитант во Бундеслигата. Тогаш тренер на Баварците кој му даде шанса на Ванер беше токму Нагелсман, кој сега е селектор на Германија.

- Оглас -

Најнови вести