Ајакс убедливо со 5:0 го победи Макаби Тел Авив во Амстердам, но овој меч имаше многу повеќе од спортски карактер. Пред, но и по завршувањето на дуелот имаше многу тензии, па и физички пресметки меѓу гостинските навивачи и домашните фанови, како и оние кои ја поддржуваат Палестина во војната против Израел.
На социјалните мрежи се појавија снимки како се нападнати навивачи на Макаби додека заминуваат од стадионот. Израелскиот министер за надворешни работи, Сар, изјави дека биле повредени 10-мина израелски државјани и ги советуваше сите кои се во Амстердам да останат во своите хотели.
Jewish Fans of Maccabi Tel Aviv F.C. were leaving a Soccer Match tonight in Amsterdam, when they were Attacked and Beaten by Crowds of Arabs that were waiting outside the Stadium. At least 12 Injuries are being reported, including several deemed to be Serious; with Jews said to… pic.twitter.com/ORD0EBxgEc
— OSINTdefender (@sentdefender) November 8, 2024
Сар исто така побарал од својот холандски колега Каспер Валдкамп да помогне во преместувањето на Израелците од хотелите до аеродромот. Дури и израелскиот премиер, Бенџамин Нетанјаху, коментираше за тоа што се случи во Амстердам, потенцирајќи дека се работи за сериозен инцидент, па дури наредил и да бидат испратени авиони со кои ќе бидат евакуирани израелските навивачи.
„Асошијејтед прес“ пишува дека навивачите на Макаби очигледно имале судир со пропалестинските подржувачи кои протестирале. Некои извори велат дека навивачите на Макаби биле тие кои први провоцирале, а потоа биле нападнати. Иако градоначалничката на Амстердам ги забранила протестите во периодот кога се игра натпреварот, сепак се случил инцидент.
Maccabi Tel Aviv hooligans who gathered at Dam Square in Amsterdam sparked tensions by igniting a confrontation with pro-Palestine supporters on Wednesday. pic.twitter.com/Q0GYvwm8pi
— Middle East Eye (@MiddleEastEye) November 8, 2024
The Times of Israel тврди дека напаѓачите носеле палестински знамиња и скандирале „Слободна Палестина“.
„Навивачите кои отидоа да гледаат фудбалски натпревар се сретнаа со антисемитизам и беа нападнати со незамислива суровост само поради нивната еврејска и израелска припадност“, напиша на социјалните мрежи Итмар Бен-Гвин, кој е израелски министер за безбедност.
Maccabi Tel Aviv hooligans who gathered at Dam Square in Amsterdam sparked tensions by igniting a confrontation with pro-Palestine supporters on Wednesday. pic.twitter.com/Q0GYvwm8pi
— Middle East Eye (@MiddleEastEye) November 8, 2024