Пет мечеви од пет различни лиги се дел од денешните Квоти на денот, а ако ги одиграте заедно на еден тикет, ќе добиете вкупен коефициент од 56,4. Унион во Берлин го пречекува Фрајбург и домаќините не треба да загубат во дуел на кој двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок. Оваа комбинација е со квота од 2.65.
Олимпик Марсеј игра против Оксер и домаќините треба да доминираат и да постигнуваат голови. Комбинацијата за Олимпик да даде барем еден погодок во првиот дел и на крајот да има минимум два погодоци во мрежата на гостите е со коефициент од 1.80.
Лече игра против Емполи и не треба да загуби во меч на кој ќе има најмалку еден погодок во првото полувреме за да биде добитна квотата од 2.20.
Ватфорд и Оксфорд играат во Чемпионшип во Англија и тука се промовира една од новите комбинации, а тоа е да има од еден до три гола во првото полувреме, а на крајот средбата да заврши со 3+. Оваа комбинација се вреднува со 2.15.
Рајо Валјекано треба да го победи Лас Палмас во натпревар на кој ќе има меѓу два и пет гола за да биде добитна комбинацијата со квота од 2.50.