Погачар постави нови стандарди: Доби неверојатен договор и клаузула од 200 милиони евра

Словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар го продолжи договорот со екипата на УАЕ Емирати до 2030 година, а италијанскиот весник „Газета дело спорт“ откри детали од договорот.

Погачар е велосипедистот кој доминира во светски рамки е и убедливо најскапоплатен во овој спорт. Со новиот договор, Словенецот во следните шест години ќе заработи дури 50 милиони евра, а има откупна клаузула од вртоглави 200 милиони евра.

Според договорот, Погачар годишно ќе заработува малку повеќе од осум милиони евра, што е добро зголемување на претходната сума, кога заработуваше шест милиони евра по сезона.

- Оглас -

Најнови вести