Повредата на Даниел Карвахал е главна причина што на листата на фудбалери во шпанската репрезентација за ноемвриските мечеви од Лигата на нации, нема ниту еден член на Реал Мадрид.
Реал е актуелен шпански и европски првак, но тимот се потпира на странски играчи, и затоа има ситуација за првпат после три години, да нема ниту еден нивен член во националниот тим.
По повредата на Карвахал кој нема да игра до средината на следната година, од шпански играчи во Реал се само Хесус Ваљехо, Фран Гарсија, Лукас Васкес и Дани Себаљос. Според селекторот Луис Де ла Фуенте, ниту еден од нив нема квалитет да биде во националниот тим кој е европски првак, па првпат откако тој е селектор, че нема на располагање ниту еден играч на Реал.
Шпанија без ниту еден играч на Реал играше и на Европското првенство 2021 година, што е единствено ЕП во историјата на кое се случило тоа. А, тогашниот селектор Луис Енрике ги имаше на располагање Карвахал, Серхио Рамос, Марко Асенсио и Начо.