Македонскиот киксбоксер Бобан Илиоски, ја одбрани титулата европски првак од пред две години, откако денеска во Атина повторно се закити со злато во дисциплината лоу-кик во категорија за кикбоксери до 87 килограми.
Во финалето, Бобан со 2-1 беше подобар од Полјакот Ерик Нивегловски, а вчера во полуфиналето со нокаут го победи домашниот натпреварувач Филис Христос.