Раководството на Барселона е пред потпис на најголемиот договор во историјата на фудбалот. „Каталонците“ и производителот на спортска опрема, Најк, треба да потпишат договор, кој ќе биде со важност до 2038-мата година, а Барселона само за потписот ќе добие бонус од 100 милиони евра.
Вкупниот договор за следните 14 години би изнесувал 1.85 милијарди евра, а ако се изземе бонусот, тогаш се доаѓа до просечна сума од 125 милиони евра годишно. Со ова се чини дека доаѓа и крајот на финансиските проблеми за „каталонците“, па без проблем ќе може да бидат регистрирани Дани Олмо и Пау Виктор, но и да бидат ангажирани и нови фудбалери.
Токму регистрацијата на Олмо и Виктор е спорна, бидејќи завршува на 31-ви декември, а Барселона во моментов има пари за да регистрира само еден од нив.