Репрезентацијата на Англија на ноемвриските натпревари од Лигата на нации за последен пат ќе биде предводена од привремениот селектор, Ли Карси, а потоа на клупата ќе седне Томас Тухел.
Многумина се изненадени од изборот на фудбалери на Карсло за натпреварите од Лигата на нации, а сега го привлече вниманието со повикот за Џек Грилиш, кој веќе 20-тина дена е повреден и не тренира.
„Репрезентациите секогаш играат во овој период и задоволство ми е кога нашите фудбалери ги претставуваат своите земји, но само кога се подготвени и немаат проблеми со повредите. Грилиш веќе неколку седмици е повреден. За 17 дена не тренираше ниту еднаш. Денес се појави на тренинг, но работеше само 20 минути и тоа е вистинската состојба. Навистина не ми е јасно зошто е повикан, но тоа е прашање за селекторот на Англија, јас не сакам да се мешам во тоа.“ – рече Гвардиола.