Тимот на Вулверхемптон дури во 11-то коло се израдува на првата победа во Премиер лигата оваа сезона. Волците славеа на домашен терен против Саутемптон со 2-0 и се одлепија од дното на табелата.
Пабло Сарабија во втората минута и Матеус Куња во 51-та минута беа стрелци на головите за Вулвс.
Брентфорд на домашен терен го победи Борнмут со 3-2, а Фулам беше убедлив на гости против Кристал Палас и славеше со 0-2. Емил Смит Роу и Хари Вилсон погодија за Фулам за нови три бода.
Вест хем и Евертон ремизираа без голови.