Победи за Македонија Ѓ.П. и Брегалница, инцидент во Автокоманда

Екипата на Македонија Ѓорче Петров го задржа челното место на второлигашката табела откако попладнево победи со 2-0 на гостувањето Велес кај Борец, а двата гола ги постигна Симеон Христов во второто полувреме.

Дербито се играше во Штип каде Брегалница со гол во 90-та минута дојде до победа од 2-1 против четвртопласираниот Арсими. Гостите водеа со 1-0, но штипските Сини направија пресврт.

На средбата Скопје – Башкими, во финишот на првото полувреме имаше инцидент во кој беа вмешани и фудбалери и навивачи, но после прекинот, дуелот продолжи, и домашните изненадија со 2-1. Така Башкими падна на трето место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести